Имплантологија

Во денешно време не постои ниту едно решение кое може со брз и квалитетен пристап да ги реши проблемите на беззабните вилици кое надоместува заби како што може имплантологијата. Нспроти решенија како што се мостови, имплантологијата е единствено решение кое нуди здрава, убава, и трајна насмевка.

Премиум Материјали

Премиум иплантите Ankylos кој се вградуваат во Карадент се Германско производство, датираат на стоматолошкиот пазар повеќе од 30 години, но и на самиот пациент му даваат доживотна гаранција. Премиум имплантите освен тоа што се составени од титаниум, тие исто така се со исклучителна висока стерилност од 5то ниво, а површината на имплантот е составена од калциум фосфат со што овозмозува многу подобра примарна стабилност и трајност во споредба со некој друг по низок бренд.

Во однос на zirkonia, карадент работи исклучиво со ZirkonZahn кој имаат производство во Италија  и важи за едно од водечките, а може и најдобра zirkonia во светот. За жал на нашиот пазарот често се нудат блокови на zirkonia кој се со сомнително потекло и низок квалитет, а се со цел да се понуди пониска цена кон пациентот без грижа за неговата трајност.

CAD-CAM Технологија

CAD-CAM е дигитализиран протетски уред кој ќе ја направи вашата насмевка совршена. Примената на оваа технологија значи дека пациентот е активен учесник во создавањето на неговата насмевка. Значи, со заедничка соработка со стоматологот се изработува план, а технологијата во целост го дигитализира процесот.

По дизајнирање на забите на компјутер, истите се спремни за автоматска изработка на машина од блок zirconia. Како завршне чекор преостанува мала обработка со која се финишира бојата на забите, а 24 часа подоцна тие се спремни за вградување. Пациентот, заедно со стоматологот ја одредуваат големината, позицијата, бојата и изгледот на новите заби, па така не постои можност за непријатни изненадувања.