Стоматологија

Во КАРАДЕНТ нудиме професионална стоматолошка здравствена заштита, вклучувајќи прегледи, консултации за орално здравје и сите неопходни стоматолошки третмани. Нови пациенти се добредојдени да закажат термин за бесплатна консултација со нашите специјалисти.

Парадонтологија

Парадонтологија е посебна гранка во стоматологијата која се занимава  со превенција, рано дијагностицирање и лекување на болеста на пародонтот.  Пародонталната болест можеме да ја класифицираме во 2 големи групи гингивит и пародонтопатија.

  • Гингивитот е последица на напластување на бактериски дентален плак во гингивалниот сулкус кои доведуваат до инфламација: оток, црвенило и крварење од гингивата.
  • Парадонтопатијата е пратена со иреверзибилен губиток на коска, а со тоа и луксација и на крај губиток на забите.

Терапијата на пародонталното заболување зависи од степенот на  напредувањето на заболувањето, кое се одредува со мерење на длабочината на пародонталните џебови со посебна градуирана пародонтална сонда.

 

Орална Хирургија

Оралната хирургија се состои од низа хируршки интервенции кои имаат цел да ги подобрат одредени анатомски и биолошки неправилности. Најчести орално хируршки интервенции се:

  • Сложени екстракции на заби
  • Импактирани и ретинирани умници
  • Апиктомија или ресекција на корени
  • Вадење на заостанати и фрактурирани корени
  • Цистекомија најчесто настаната од хронично воспалено ткиво
  • Синус лифт или интервенција во горната вилица за потребите за поставување имплант
  • Вестибулопластика за да се постигне продлабочување на предворјето на устата
  • Гингивектормија за хармоничен однос и положба на гингивата и забните вратови

Во оралната хирургија исто така спаѓа и хирургијата на меките ткива, имплантологијата како и реконструкција на естетските и функционални пореметувања во усната празнина.

Ендодонција

Ендодонцијата во суштина се работи за третман на забната пулпа која се наоѓа во самиот канал. Како резултат на продирање на кариесот во забното ткиво, доаѓа до инфекција на пулпата со бактерии, кои предизвикуваат воспалување на забната пулпа.

Терапијата на коренскиот канал најчесто е постапка на ендодонција. Лекувањето на воспаление на пулпата подразбира елиминација на забниот нерв и темелно чистење на коренскиот канал. При третманот на вакви воспалувања користиме електронско усмерени апарати кои самите го препознаваат врвот на коренскиот канал и самите престануваат да работат при што се спречува префорсирањето на коренските канали.

Во нашиот стоматолошк центар работиме со најсовремени техники на обработка на коренските канали кои ја зголемуваат успешноста во работењето во однос на класичната, така наречена рачна обработка на коренските канали. На тој начин голем дел од ендодонските третмани можат да се обават во тек на една или две посети.

ЗАКАЖИ ПРЕГЛЕД

Преглед од консултативен
карактер е бесплатен

РАБОТНО ВРЕМЕ

Пон. - Пет. 8:45 - 20:00
Саб. 8:45 - 13:30

АДРЕСА

Фредерик Шопен 12
1000, Скопје

ТЕЛЕФОН

+389 02 3112989
+389 075 278780

Керамички Пломби

Во случаеви кога кариесната маса ја деструирала повеќе коронката на забот, после чистењето на кариесната маса, секоја ставена пломба не би имала долг век на постоење, па затоа мора да се изработи inley.

Inely најчесто се изработува од керамика. Главната разлика помеѓу инлејот и пломбата е од матерјалот од кој се изработуваат, и тоа што инлејот се изработува надвор од усната шуплина. Поради тоа за изработка на инлејот се потребни две посети. Во првата посета се чисти кариесот на забот и се припрема забот за инлеј. Потоа се зема отисок, на основа на земениот отпечаток техничарот во лабараторија изработува инлеј, кој во втората посета се цементира во устата на пациентот.

Во зависност од раширеноста на кавитетот разликуваме два облика на надокнадување:

  • инлеј (inley) кој зафаќа максимално до две површини на забот
  • онлеј (onley) кој зафаќа три и повеке површини на забот

Стоматолошка дијагностика

Се работи со современа и ултра брза опрема која овозможува користење на многу ниски дози на зрачење (Ортопан). Услугите кои ги нудиме се:

  • Класична и дигитална панорама
  • Панорама за деца
  • Телерадиографиjа (телерентген/страничен цефалометрик)
  • Радиографиjа на максиларни синуси
  • Радиографиjа на темпоромандибуларна артикулација
  • Периапикални радиографии и др

Транспарентна протеза

Ние нудиме модерно решение за зацврстување на забите преку транспарентни протези, направени специјално за да одговараат на вашата уста и заби.

Забите понекогаш се во неправилна положба од растот и понекогаш се движат подоцна во животот. Со Invisalign може да се третираат разни ортодонтски неправилности и да се добие убава насмевка без да имате метална протеза на забите.