Естетска Стоматологија

Прекрасна насмевка придонесува за подобро расположение, влијае врз самопочитта и ни овозможува да оставиме добар впечаток кај другите. Во нашата стоматолошка ординација нудиме напредни методи и технологии со кои помагаме во белината на вашата насмевка. Нашите козметички услуги вклучуваат белење на заби, ортодонција, стоматолошки импланти и порцелански коронки и ламинати.

Керамички Фасети (Veneers)

Дали е малце изменета положбата на забот, или изменета е бојата на забот, овие естетски недостатоци се надокнадуваат со примена на керамички љушпи (veneers).

Спрема моделот добиен од отисок земен на пациентот, љушпиците се изработуваат со помош на копјутерска технологија, која не само што обезбедува најпрецизна можна мерка, дава и најголема прецизност во моделирањето на биенерот. Посебно е важно во оваа метода  тоа што не се прави агресивно стругање на забот, туку стругање на само тенок слој на глеѓта.

Veeners ја заменуваат глеѓта на забот, па на тој начин може да се промени бојата на забот или да се направи мала корекција на положбата, величината или изгледот на самиот заб.

Белење На Заби

Получасовна процедура која дава резултати после самото завршување и после кое не можете да го сокриете задоволството на вашата насмевка. Долго време белењето на заби се мислеше дека е штетно, но WHITEsmile системот кој се користи во нашата ординација е безбеден и контролиран од страна на стоматологот.

Пред третманот се одредува сегашната боја на пациентот на забите а потоа со специјална маса се заштитуваат непацата од гелот. По 30 минути третирање со лампа вашите заби се побели во зависнот од многу индивидуални фактори, најчесто ефект од обелување е 2-4 нијанси на побели заби. Оваа нова нијанса не е пренагласена и забите не се со кредасто бела боја, напротив добиваат природна белина и сјај.