За Нас

Нашето врвно 25 годишно искуство е пример за квалитет и успех. Препознатливи сме по пријателскиот однос, сеопфатната грижа за нашите пациенти, љубезноста и професионализмот.

КАРАДЕНТ ДЕНТАЛ ЦЕНТАР

КАРАДЕНТ Дентал Центар  е  приватен специјалистички стоматолошки центар изграден врз основа на долгогодишно искуство и високо квалификуван и мотивиран персонал. Во Карадент се врши континуирано едукација во земјата и во странство, се користат најнови технологии и високо квалитетни материјали од  највисоките светски стандарди.

Карадент ви ги овозможува сите стоматолошки услуги на едно место, од наједноставни до орално хируршки и импланти со нашиот сигурен и стручен тим кој се грижи за вашата насмевка, здравје и естетика.

  • Најсовремена Опрема
  • Најсовремени стоматолошки услуги
  • Загарантирана Услуга
  • Стоматолог за целото семејство
  • Бесплатна консултација
  • Дигитална рендгетска снимка
  • Пристапност
  • Високо квалитетни материјали

НАШИОТ ТИМ

Специјалист Д-р.Венци Карапеев

Д-р. Венци Карапеев е специјалист по орална хирургија и имплантологија и е еден од водечките имплантолози во регионот со највисок степен на едукација, долгогодишно искуство, и досега вградени над 2.000 импланти.  Во 1993 година го основа Дентал Центар Карадент но паралелно се стекнува со континуирана едукација во областа на имплантологијата и протетиката, преку разни облици на трансфер на наука организирани во Schutz Dental Frankfurt, Zell An See и Hinterland Austria.

Во овој период од 22 години работно искуство, има воспоставено разни облици на соработка со еминентни професори во областа на имплантологијата и протетиката при стоматолошкиот факултет во Frankfurt  и Graz како што се Dr. Markuz Hurzeler, Uni. Prof. Dr. Martin Lorenzoni, Uni-Doz. DR. Christof Pertl, Uni-Doz. Dr. Gernot Wimmer, Dr. Otto Zuhr и многу други.